Мексиканскиот голман Омар Ортис речиси сигурно остатокот од животот ќе го помине зад решетки откако доби 75 години казна затвор. Причина за толку големата казна е тоа што Ортис бил дел од организирана банда која киднапирала луѓе.
Ортис има 42 години, што значи исто како да добил доживотна затворска казна. За некогашниот голман ова не е прв пат да се соочува со проблеми со законот. Во 2002 година бил фатен како употребува наркотици, а брзо потоа и го напуштил фудбалот.
Во 2007 година беше уапсен за киднапирањата, а дури сега му беше изречена пресудата. Ортис е највисокиот од четворицата уапсени кои се прикажани на сликата.