Иста мака имаат и Шкупи и Динамо Загреб, никој не им го пренесува реваншот во матичните држави

Реваншот меѓу Шкупи и Динамо Загреб нема да го пренесува ниту една хрватска телевизија, па испаѓа дека големата армија симпатизери на регионалниот гигант нема да можат да го гледаат својот миленик во обидот да се пласира во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Тоа се однесува и на Шкупи, па ниту една телевизија во Македонија не се обиде да ги откупи ТВ-правата за пренос на реваншот.

Тоа го стори само албански Суперспорт, но тие ќе наплаќаат за да се гледа реваншот во Скопје по принципот „Пеј-пер-вју“, или „Плати и гледај“.

А, реваншот е исклучително интересен, бидејќи аутсајдерот Шкупи изненади на „Максимир“ со реми 2:2, па сега и двете екипи очекуваат добар резултат утре од 21 часот на арената „Тодор Проески“ и пласман понатаму.

Екипата што ќе биде вкупен победник ќе игра во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, а веќе ќе има в џеб и сигурен настап во фаза по групи во Конференциската лига на УЕФА.

Ако го минат и Лудогорец, или Шемрок во следното коло Шкупи, или Динамо би биле на чекор до ЛШ, бидејќи останува само плејоф финале, а би имале загарантиран настап во фаза по групи во Европа Лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести