Чачиќ: Фаворити сме против Шкупи, но го почитуваме ривалот

Тренерот на Динамо Загреб, Анте Чачиќ, е оптимист пред утрешниот реванш против Шкупи, иако хрватскиот првак на домашен терен одигра само 2:2.

„Меч кој треба да реши кој ќе продолжи во ЛШ. Ја прифаќам улогата на фаворит на Динамо. Ќе се обидеме да бидеме подобри и да стигнеме до посакуваниот резултат, иако знам дека домаќинот ќе игра со цел да направи изненадување. На првиот меч создадовме многу шанси, но дадовме само два гола, а противникот искористи две наши шанси. Утре ќе сакаме да ја решиме дилемата само по 90 минути”, рече Чачиќ на прес-конференција пред последниот тренинг на Динамо во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести