Агентот на Андер Ерера и претставници на Манчестер јунајтед преговараат околу обновување на соработката на Шпанецот. Неговиот договор истекува по крајот на оваа сезона, но Ерера нема желба да си замине од „Олд Трафорд“.
Клубот од каде што потекнува, Атлетик Билбао, сериозно се интересира за неговите услуги, но Ерера засега не планира да се врати во Баскија. Играчот за врска на „црвените ѓаволи“ уште од почетокот на месецов е слободен да преговара со други клубови, но откако на клупата седна Оле Гунар Солскјер, Ерера ужива да игра под негово водство.
Од редовите на баскискиот клуб пристигна во 2014 година во трансфер вреден 28 милиони фунти, а за Јунајтед настапи на 177 меча во сите натпреварувања.