Левандовски: Имам 33 години, но моето тело е многу помладо

На Роберт Левандовски му се исполни желбата да заигра за Барселона, и тоа веднаш беше на Ел Класико против Реал Мадрид на пријателски меч во САД. Барселона славеше минимално со 1:0, а Левандовски покажа дека е во добра форма и дека во новата сезона треба да биде големо засилување за тимот од „Камп ноу“.

За Левандовски беа платени 50 милиони евра, сума која заврши на контото на Баерн Минхен, а самиот играч потенцира дека тие пари се добро вложени затоа што медицинските тестови покажале дека Полјакот е во одлична физичка форма.

„Тестовите кои ги направив покажаа дека моето тело е помладо од моите години (33). Не знам колку години ќе играм на високо ниво, но сигурно ќе бидат уште неколку сезони“, вели Левандовски, кој во претходните осум сезони блескаше во дресот на Баерн Минхен.

Левандовски со Баерн Минхен ги освои сите најзначајни трофеи, а во 2020 година беше добитник и на најпрестижната индивидуална награда, „Златната топка“.

- Оглас -

Најнови вести