Тренерот на Динамо Загреб, Анте Чачиќ, беше задоволен од победата, а посебно го истакна Аријан Адеми за играта во двата меча.
„Тежот меч на тешко, жешко време. Шкупи уште еднаш покажа дека е тврд ривал. Се обидовме во првиот дел да дадеме гол, но не успеавме. Одлично го почнавме второто полувреме и дадовме гол. Ако се гледа играта во двата меча, Динамо заслужено оди понатаму во ЛШ. Адеми е играч кој дава сè за екипата. Доста пати има дадено гол на важни мечеви и мило ми е што денеска токму во Скопје тој даде гол за победа”, рече Чачиќ по минималниот триумф во Скопје.