АИК Стокхолм во реваншот славеше со 2-0 против Ворскла по продолженија, за вкупни 4-3 и пласман во третото коло од квалификациите во Конференциската лига, па сега тимот од Шведска ја чека Шкендија исто така да го потврди пласманот во следната рунда.
Швеѓаните со помош на Мендес и неговиот гол на истекот од полувремето, односно со погодокот на Бројнстон во 107-мата минута од дополнителните 30, направија пресврт во двомечот исправајќи го поразот од 3-2 една недела порано.
Сега се чекаат тетовци, кои пак утре во Скопје го пречекуваат составот на Валмиера со поволен резултат од 2-1 од првите 90 минути одиграни во Рига.