Во Купот уште на стартот интересни двојки: Вардар и Шкупи ќе гостуваат

Во просториите на ФФМ беше извршена ждрепка за мечевите од првото коло во Купот на Македонија за сезоната 2022/23. Вкупно 30 екипи се во борба за трофејот, а последниот освојувач, тимот на Македонија Ѓорче Петров, и финалистот Силекс се слободни во оваа фаза.

Најтрофејниот клуб Вардар ќе гостува кај Саса, додека актуелниот првак Шкупи стартот во ова натпреварување ќе го има на гостински терен кај Беласица.

ДВОЈКИ ЗА 1/16 ФИНАЛЕ

БЕЛАСИЦА – ШКУПИ

ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР

ТЕТЕКС – А.ПАНДЕВ

СЛОГА (В) – БРЕГАЛНИЦА

САСА – ВАРДАР

КОЖУФ – ТИКВЕШ

ВАРДАР (Н) – СТРУГА ТЛ

КАРБИНЦИ – ПОБЕДА

ЗАЈАЗИ – ВОСКА

ФОРТУНА – БОРЕЦ

ЉУБОТЕН – РЕНОВА

КОЊАРИ – РАБОТНИЧКИ

ЦРНО БУКИ -СКОПЈЕ

КАРАОРМАН – ШКЕНДИЈА

*Македонија ЃП и Силекс како финалисти на последното финале се слободни во оваа фаза

- Оглас -

Најнови вести