Сити со „лудиот“ напад израмни рекорд стар 52 години во Англија

Манчестер сити синоќа приреди ново гол-шоу за навивачите на стадионот „Етихад“ откако со неверојатни 9-0 го победија Бартон во првиот меч од Лига купот на Англија. Ова е највисока победа во англиските купови на полуфинална средба.

Дека „граѓаните“ ќе забележат лесна и сигурна победа можеше да се очекува, со оглед на тоа дека противникот игра во третата англиска лига. Сепак, факт е дека девет погодоци се премногу, без разлика кој е ривалот, а посебно на меч од полуфинале во Куп.

Играчите на Сити беа расположени за голови уште пред овој меч, бидејќи само три дена порано победија со 7-0 во дуелот против Ротерам во ФА купот. Токму тој податок дека на последните два меча Сити даде барем седум голови е израмнување на рекордот стар 52 години.

Лидс  во 1967 година успеа на два меча по ред да даде барем по седум голови и оттогаш помина повеќе од половина век за сега Сити да го повтори тоа постигнување. Актуелниот англиски првак само за три дена даде вкупно 16 погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести