Дарко Чурлинов се најде на листата желби на Венсан Компани, тренерот на Барнли. Тимот кој минатата сезона испадна од Премиер лигата, планира експресно да се врати во англиската елита, а токму Чурлинов да биде еден од протагонистите.
Македонскиот репрезентативец засега останува член не бундеслигашот Штутгарт. По одличната сезона во Шалке како позајмен играч, клубот од Гелзенкирхен се обиде да го откупи договорот на Чурлинов, но трансферот не стигна да се комплетира.
Сега нова опција за трансфер, и тоа на Островот, за Дарко се појави токму во Барнли, каде би бил замена за Двајт Мекнил. Екипата предводена од легендата на Манчестер сити има сериозни намери да го откупи договорот на Чурлинов, бидејќи касата на Барнли се наполни по бројните продажби на неколку првотимци, а Македонецот би бил евтина, но квалитетна варијанта за засилување на ростерот.