Има уште еден како Жил Кунде што не сака да игра за Челзи, клубот од Лондон пак ќе се обиде

Челзи сака да ја искористи ситуацијата со прекинот на преговорите меѓу Манчестер сити и Брајтон за Марк Кукурелја, но повторно ризикува да му се повтори сценариото со Жил Кунде.

Кукурелја сака да игра за Манчестер сити, најмногу поради Пеп Гвардиола, а и двајцата се Шпанци, но до договор со Брајтон не дојде и англискиот првак објави дека ги прекинува преговорите.

Брајтон бараше повеќе од 50 милиони фунти, што е превисока цена за Манчестер сити, а Челзи според најавите од англиските медиуми сака да ја плати за одличниот бек.

Сепак сините од Лондон повторно треба да внимаваат да не извисат како во случајот со Жил Кунде, стоперот на Севилја кој денеска беше промовиран како нов играч на Барселона.

Кунде имаше огрпмна желба да игра за Барса и го расипа веќе договорениот трансфер меѓу Севилја и Челзи, со многу подобра понуда од Лондон, од таа што пристигна од Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести