Македонскиот шампион Шкупи денеска чека двојна ждрепка во еврокуповите и од 13 часот ќе го дознае евентуалниот ривал за плејоф двомечот што води во фазата по групи во Европа Лигата, а еден час подоцна заедно со Шкендија ја чекаат и ждрепката за Конференциската лига.
Шкупи во третото квалкификациско коло за настап во Европа лигата ќе игра со Шамрок на 4. август на гости и на 11. август дома и ако успее да го елиминира ирскиот тим ќе игра плејоф во ова анатпреварување, а ќе има загарантиран настап во фазата по групи во Конференциската лига на УЕФА.
Во случај на елиминација од Шамрок, Шкупи ќе игра плејоф за Конференциската лига, а противник ќе му биде одреден денеска од 14 часот.
На ждрепката во Нион можни ривали на Шкупи, кој е во групата на носители би биле следните клубови:
Víkingur Reykjavík (ISL)/KKS Lech Poznań (POL)
RFS (LVA)/Hibernians FC (MLT)
Ballkani (KOS)/KÍ Klaksvík (FRO)
HŠK Zrinjski (BIH)/FC Tobol Kostanay (KAZ)
FC Shakhtyor Soligorsk (BLR)/CFR 1907 Cluj (ROU)
Противниците ги чека и Шкендија, а тетовци ако го елиминираат шведски АИК би имале многу потешка задача во плејоф двомечот, бидејќи не се во групата на носители.
1 KuPS Kuopio (FIN)/BSC Young Boys (SUI)
2 Dundee United FC (SCO)/AZ Alkmaar (NED)
3 West Ham United FC (ENG)
4 Molde FK (NOR)/Kisvarda FC (HUN)
5 Fenerbahçe SK (TUR)/1. FC Slovácko (CZE)
Ждрепка денеска ќе има и за плејофот за пласман во Лигата на шампионите, а ќе почне точно напладне.