Олимписки шампион доби 16 години затвор поради убиство на пријател од детството

Поранешниот монголски џудиста Наидан Тувшинбајар е осуден на 16 години затвор. Тувшинбајар имаше одлична кариера кога ја круниса со злато од Олимписките игри во Пекинг во 2008 година и сребро на Игрите четири години подоцна во Лондон, со што стана идол на многу деца во неговата земја.

Сепак, Тувшинбајар сега ќе мора долг период да помине во затвор, откако беше прогласен за виновен за убиство на свој пријател од детството. Целиот инцидент се случил во април минатата година кога Тувшинбајар го нападнал пријателот Ерденебилег Енбет.

За време на нападот, Тувшинбајар бил под дејство на алкохол. Тој со тврд предмер неколку пати го удрил пријателот во главата. Поради тој инцидент, некогашниот џудист беше осуден на 20 дена затвор.

Ситуацијата за некогашниот спортист се искомплицира откако неговиот пријател Енбат починал од повреди на мозокот, здобиени од нападот на Тувшинбајар. Токму затоа, џудистот повторно се најде пред Судот, каде доби 16-годишна затворска казна.

- Оглас -

Најнови вести