Женската ракометна репреентација на Македонија до 18 години со перфектни три победи ја заврши групната фаза од Светското првенство кое се игра во Скопје. Вечерва, нашата репрезентација со убедливи 31:19 славеше над врсничките од Иран.
Уште на стартот нашите надежи поведоа со 3:0, а предноста од три разлика ја чуваа и на полувреме, кога беше 11:8. На почетокот на вториот дел, нашите ракометарки го зголемија темпото, почнаа да играат многу побрзо, па како резултат на тоа се и многу повеќето погодоци.
Од минута во минута предност се зголемуваше, а на крајот стигна до 12 разлика, за потврдување на македонската доминација во групата во која претходно убедливо беа победени и Сенегал (32:13) и Узбекистан (39:30).