Луис Суарес ноќеска по вторпат во кариерата дебитираше за Национал, а Атлетико Гојаниенсе му го расипа камбекот на Уругваецот во матичниот клуб.
Национал го загуби првиот четвртфинален дуел во Копа Судамерикана со минимални 0-1, во кој Суарес како резерва заигра од 75-тата минута. Како за први 15-тина минути во старо-новиот клуб, Суарес не се истакна како што знае и во најмала рака неговиот настап беше комичен.
Погрешни додавања и чудни потези со топката, Суарес имаше само еден добар момент при ситуација да асистира за гол, но неговиот соиграч го затресе дирекот.