Барселона се подготвува за рекордна промоција на Левандовски

Барселона за овој петок закажа промоција на Роберт Левандовски на „Камп ноу“ и се очекува да се постави нов рекорд на посетеност за презетирање на еден играч.

Шпанските медиуми тврдат дека заинтересираноста за презентацијата достигна до околу 30.000 продадени билети, со што ќе се урне клупскиот рекорд и промоцијата на Роналдињо од 2003 година, кога на стадионот се собраа 25.000 навивачи.

Инаку Левандовски веќе запиша три настапи за Каталонците, во подготовките во САД на коишто не успеа да запише деби-гол, а прилика за такво нешто ќе има на 13 август, во премиерното коло од Ла Лига против Столе Димитриевски и Рајо Валјекано.

- Оглас -

Најнови вести