Талентираниот бразилски фудбалер Ренан Виктор да Силва се соочува со 10-годишна затворска казна поради сообраќајката со смртни последици што ја направи. Дефанзивецот, кој има само 20 години, бил пијан и без возачка дозвола кога со својот автомобил скршнал во спротивната лента и со голема брзина удрил директно во моторциклист. Несреќниот 38-годишен човек почина од здобиените повреди.
Renan Victor da Silva (20, defendor on loan to RB Bragantino from Palmeiras) has had his loan contract terminated after crashing with and killing a man on a motorbike. Police says he drove without a licence and while being drunk. https://t.co/vUk3z7FKw9 pic.twitter.com/GG8y0XkyYM
— André Noruega (@AndreOstgaard) July 23, 2022
Ренан веднаш бил уапсен, но за брзо време и пуштен со кауција од 242.000 долари. Овие пари судот решил да ги даде на сметка на семејството на загинатиот. На талентираниот фудблер му е одземен пасошот и не смее да оди во барови, на концерти и други манифестации.
Поради оваа несреќа, Ренан доби отказ од бразилскиот гигант Палмеирас, со кого двапати го освојуваше Копа Либертадорес. Неговата вредност се проценуваше на неколку десетици милиони евра, но сега кариерата му е пред згаснување ако се знае дека го очекува повеќегодишна затворска казна. Најавите се дека фудбалерот може да добие и до 10 години затворска казна.