ФИФА и УЕФА ќе го направат фудбалот како автомат – ВАР лошо црта линии за офсајд, му најдоа замена

ФИФА и УЕФА ќе воведат ново правило што дополнително ќе го автоматизира фудбалот по воведувањето на ВАР-системот.

Сега од овој месец и со дуелот во Суперкупот на Европа меѓу Реал Мадрид и Ајнтрахт што ќе се игра за 7 дена, односно на 10 август во Хелсинки, ќе го промовира проектот САОТ.

Се работи за полуавтоматизирана технологија за одредување на офсајд-позиција, која се темели на технологијата на вештачка интелегенција.

Едноставно кажано, новиот систем ќе одлучува многу побрзо од ВАР-системот дали има офсајд или не во спорни ситуации со автоматско одредување на позицијата на играчите во моментот на додавањето на топката.

Досега со ВАР-системот во многу ситуации премногу долго се чека за одлука во спорните моменти за офсајд, па ФИФА и УЕФА со САОТ ќе го забрзаат процесот.

Технологијата, како што е најавено, ќе биде во употреба и на Светското првенство во Катар во ноември и декември оваа година и на натпреварите од Лигата на шампионите во Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести