Левандовски на секој вработен во Баерн Минхен му остави подарок вреден 300 евра

На последното доаѓање во Минхен, Роберт Левандовски не беше добро испратен од навивачите, кои го провоцираа, но тој остана смирен. Полскиот репрезентативец помина осум сезони во Баерн Минхен, клубот со којшто ги освои сите најзначајни трофеи, но реши дека е време за нов предизвик и замина во Барселона.

При последната дружба на Левандовски со сега своите поранешни соиграчи и вработени во Баерн, голгетерот направил одличен гест и на сите им подарил по едно шише шампањ од брендот „Арманд де Брињак“, кое чини по 300 евра, во знак на сеќавање на него.

Ваков шампањ добиле сите, од претседателот на клубот, сите во управата, фудбалерите кои сега се дел од Баерн, па дури и луѓето кои се задолжени за одржување на хигиената во клупските простории.

На шампањското имаше фотографии од неговите игри додека играл во дресот на Баерн Минхен и специјален автограм на секое шише.

- Оглас -

Најнови вести