Мурињо имаше милост: Од Манчестер зема „само“ 16,5 милиони евра компензација

Манчестер јунајтед ќе му исплати 16,5 милиони евра на Жозе Мурињо како компензација за предвременото раскинување на договорот. Португалецот доби отказ, а во договорот му стои дека доколку тоа се случи, ќе треба да му се исплати целата сума од договорот, а тоа беше повеќе од 20 милиони евра. Португалецот се согласи за малку помала сума.

За две и пол години поминати на „Олд Трафорд“, Мурињо освои три трофеи – во Лигата на Европа, Лига купот и Комјунити шилд. Во текот на целата кариера Мурињо кога добивал откази, заработувал многу пари од компензација. На два пати кога беше избркан од Челзи, вкупно заработи 37 милиони евра, а кога доби „клоца“ од Реал Мадрид, му беа исплатени 19 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести