Голема афера во тенисот: Уапсени 28 тенисери, наместени 97 меча

Вкупно 83 луѓе биле уапсени, од кои 28 се тенисери, во големата акција која ја спроведе шпанската полиција поради сомнение за наместени мечеви на Фјучерс и Челенџ турнирите, објави Европол. Меѓу уапсените има и еден играч кој минатата година играл на Отвореното првенство на САД. Се работи вкупно за 97 наместени мечеви.

Главниот организатор била криминална банда од Ерменија, која нудела мито на тенисерите за да може да го контролираат резултатот и на тој начин да добијат финансиска добивка. За да бидат сигурни дека тенисерите ќе одработат така како што сака мафијата, членови од бандата биле на мечевите на кои се обложувале.

Во акцијата биле запленети и 167.000 евра, една пушка, многу кредитни картички и пет луксузни автомобили. Биле блокирани и 42 банкарски сметки преку кои се верува дека се префрлале парите заработени од обложувањето.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести