Официјално: Челзи потпиша со Кукурелја

Челзи го комплетира трансферот на бекот Марк Кукурелја од Брајтон за сума од 55 милиони фунти, а уште 7 милиони фунти ќе се исплатат во дополнителни бонуси.

Шпанскиот лев бек потпиша шестгодишен договор со двократниот европски првак oткако изминатите две сезони ги бранеше боите на Галебите од Брајтон.

Кукурелја минатата сезона беше избран за најдобар фудбалер во Брајтон, а ја доби наградата и за најдобар млад играч во екипата. Одигра 35 меча во Премиер лигата со учинок од еден гол и две асистенции, а неговата флексибилност да ги покрива левите бековски позиции, како и централен дефанзивец, е токму она што му требаше на Томас Тухел за засилување на екипата.

Брајтон за возврат го доби Луи Колвил, талентираниот стопер во новата сезона ќе игра како позајмен на премиерлигашот.

- Оглас -

Најнови вести