Роберт Левандовски беше претставен како нов играч на Барселона, а во својот нов клуб, Полјакот ќе го носи дресот со бројот 9, иако тој број до денеска беше зафатен од друг член на Каталонците, тоа е Мемфис Депај.
Одлуката да му ја одземат деветката, веројатно е порака до Холанѓанецот дека клубот не смета на него. Претседателот Жоан Лапорта, истакна дека има огромна почит кон Депај, но клубот решил дресот со бројот 9 да го носи Левандовски.
„Одлуката ја донесе клубот. Вака е подобро и за имиџот и за маркетингот. Мемфис ја разбра одлуката, имаме голема почит кон него“ – рече Лапорта.
Депај има уште една година договор со Барса, но можно е до крајот на преодниот рок да си замине.