Првиот гол во Бундеслигата е мајсторија, Баерн за едно полувреме му „пукна петарда“ на Ајнтрахт (Видео)

Баерн Минхен покажува дека тоа е клубот кој и во новата сезона ќе биде главен во германското првенство. Баварскиот гигант на гостувањето кај Ајнтрахт во Франкфурт води со 4:0 на полувреме, во мечот со кој стартува новото првенство.

Едвај 4 минути изминаа, а машината за голови на Баерн Минхен почна да работи. Кимих е стрелец на првиот погодок во сезоната и тоа на одличен начин, од слободен удар.

По овој гол, следуваа нови напади на Баерн Минхен и нови погодоци. Дефанзивецот Павард зголеми на 2:0, а потоа следуваше шоу на новото засилување, Садио Мане, кој погоди во 29 минута за 3:0.

Во 35 минута веќе беше 4:0 благодарение на погодокот на Мусиала, а до крајот на првиот дел гол даде и Серж Гнабри. Иако има уште едно полувреме да се игра во Франкфурт, тука е јасно кој ќе победи.

- Оглас -

Најнови вести