Херенвен и Спарта Ротердам ремизираа без голови во првиот меч од новата сезона во холандското првенство. Овој резултат без погодоци е изненадувачки, ако се знае дека холандското првенство е „рај за игра на голови“.
Херенвен и Спарта синоќа упатија дури 24 шута кон противничкиот гол, но само три беа во рамките на головите, а ниту еден не заврши во мрежата.
Денеска и утре се играат осум мечеви од првото коло и може да бидеме сигурни дека голгетерите ќе бидат многу порасположени за тресење на противничките мрежи.