Адриен Рабио, францускиот фудбалер за врска од редовите на Јувентус, на вчерашниот контролен натпревар против Атлетико Мадрид се здоби со повреда на главата и поради крварењето, мораше предвреме да го напушти теренот.
Рабио играше во второто полувреме и на теренот мина 25 минути.
Рабио се судри со главата со клупскиот колега Бремер, а по мечот кој шпанскиот тим го доби со 4-0, објави фотографија и откри дека за закрпување на дупката во главата биле потребни шест копчиња.