Новиот турски прволигаш Умранијеспор беше на прагот да приреди првокласна сензација во историски меч за нив и како гостин во истанбулската пресметка одигра 3:3 против Фенербахче.
Умранијеспор за првпат игра во најсилниот фудбалски ранг и веднаш направи изненадување против најтрофејниот клуб во Турција, кој е рекордер со 28 шампионски круни, но имаше и чиста победа бидејќи водеше со 3:2 до 92-рата минута.
Сепак, Бериша со гол во втората минута од судиското продолжение им ја скрати радоста и го спаси Фенер од пораз.
За гигантот вечерва не играше Езџан Алиоски откако потпиша договор со 28-кратниот првак пред неколку дена.
Домаќините двапати водеа, со 1:0 и 2:1 со головите на Енер Валенсија, но гостите беа упорни и израмнуваа, а потоа и поведоа со 3:2 со комплетен пресврт.
Глумац, Георге и Мршиќ беа стрелци на головите за Умранијеспор, за прв освоен бод за клубот во Првата турска лига.
Се очекува Алиоски да дебитира против Словачко, на реванш-мечот од квалификациите за Лигата на Европа на 11 август или во меч од второто коло во турскиот шампионат против Касимпаша на гости на 15 август.