Петмина играчи на Манчестер јунајтед чекаат бебиња во 2019

Манчестер јунајтед нареди пет победи по ред откако на клупата седна Оле Гунар Солскјер, а петмина фудбалери на славниот клуб во наредните месеци ќе станат татковци.

Пол Погба, Виктор Линделоф, Крис Смолинг, Матео Дармијан и Фред ја претставуваат петорката на „црвените ѓаволи“ чиишто семејства ќе се прошират за уште еден член.

Погба уште пред да почне серијата победи, објави дека неговата боливиска девојка Марија Салауес е бремена. Линделоф летоска се ожени со прекрасната Швеѓанка Маја Нилсон, која треба да се породи во април, а прво дете чекаат и Смолинг и жена му Сем Кук. Дармијан има две кучиња и сега со нетрпение го чека првото дете со сопругата Франческа Кормани. Фред често објавува слики од бремената партнерка Моник, а веќе најавија дека синот ќе се вика Бенџамин.

Времето ќе покаже како новопечените татковци ќе се борат со непроспиените ноќи и новите должности, покрај оние фудбалските.

- Оглас -

Најнови вести