Рома промовираше невообичаено „засилување“, олимпискиот првак е нејзин адут

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, ги збуни навивачите на Римската волчица откако постира фотографија со олимпискиот шампион на 100 метри, Ламонт Марсел Џејкобс. Италијанскиот спринтер е голем навивач на Рома, а од клубот доби дрес со бројот 12.

Мурињо не штедеше пофални зборови за Џејкобс и изјави дека атлетичарот би можело да биде и одличен фудбалер.

„Супербрз, доминантен, технички перфектен. Може да игра и како дефанзивец, но и како напаѓач“, беше коментарот на Мурињо на фотографијата.

 

- Оглас -

Најнови вести