Шампионите на Србија и на Хрватска, Црвена ѕвезда и Динамо Загреб се на чекор од пласман во групната фаза од Лигата на шампионите. Двата тима ќе бидат дел од плејофот за пласман во елитното натпреварување на УЕФА и Динамо и Ѕвезда се во улога на фаворити во однос на нивните ривали.
Предводени од капитенот Аријан Адеми и Стефан Ристовски, Динамо Загреб во двомечот ќе треба да го елиминира норвешкиот првак Бодо/Глимт, додека Црвена ѕвезда за ривал го има Макаби од Хаифа. Во останатите двомечи од плејофот за влез во Лигата на шампионите ќе играат: Карабах – Викторија П’лзењ, Трабзонспор – Копенхаген, Ренџерс – ПСВ и Бенфика – Динамо Киев.
Во групната фаза од ЛШ место веќе имаат обезбедено 26 клубови, и тоа: Реал Мадрид, Челзи, Севилја, Јувентус, Лајпциг, Спортинг, Селтик, Ајнтрахт Франкфурт, Тотенхем, Милан, Баерн Минхен, ПСЖ, Ајакс, Шахтар Донецк, Манчестер сити, Барселона, Интер, Борусија Дортмунд, Олимпик Марсеј, Бриж, Ливерпул, Атлетико Мадрид, Наполи, Баер Леверкузен, Порто и Салцбург.