Левандовски ја отвори душата и објасни зошто си заминал од Баерн Минхен

Полскиот голгетер Роберт Левандовски уште еднаш објасни зошто решил да си замине од Баерн Минхен и како се чувствува по доаѓањето во Барселона.

„Знам дека моето заминување погоди голем број навивачи на Баерн, можам и да го разберам тоа и затоа сакам уште еднаш да им се извинам. Ми беше важно да сфатам дека сум подготвен за промена. По 12 години поминати во Германија, ми стана јасно дека моето време таму истече. Ситуацијата беше тешка и требаше да се најде најдобрата опција за сите. Ми беше потребна промена. Сакав да заминам во друг клуб, во друга земја. Сега се чувствувам како дете со нова играчка“, рече Левандовски.

Баерн Минхен заработи 50 милиони евра од трансферот на Левандовски во Барселона. Во дресот на баварскиот гигант, Левандовски одигра 375 меча и постигна 344 погодоци.

Во изминативе две сезони, Левандовски беше најдобар стрелец во Европа и освојувач на Златната топка, а ФИФА во последните две сезони го прогласуваше за најдобар фудбалер во светот.

- Оглас -

Најнови вести