Чуден потег што сè уште нема логично објаснување повлече Фудбалската федерација на Македонија со одлуката да го одложи стартот на натпреварите во Втората лигата.
Сигурно е дека нема да се игра на 13 август, а неофицијално објаснувањето е дека поради одложување на седница на комисијата за лиценцирање во ФФМ, одложен е и почетокот на сезоната.
„Комисијата за натпреварување дополнително ќе го одреди терминот за одигрување на одложеното прво коло“, објавија од ФФМ.
Сè уште не се знае датумот, но јасно е дека второлигашки фудбал нема да има викендов што следи.