Манчестер јунајтед ќе може да смета на Пол Погба за претстојното дерби против Тотенхем, кое е закажано за во недела. Французинот се здоби со повреда на бутниот мускул изминатиот викенд, кога „црвените ѓаволи“ тирумфираа на гости кај Њукасл со 2-0, но стратегот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, потврди дека проблемот е надминат и Погба е подготвен за настап.
„Погба чувствуваше болки, но на тренинзите деновиве се забележа дека проблемот е решен, па ќе биде во составот да ни помогне и против Тотенхем да обезбедиме позитивен резултат“, вели Солскјер.
Дербито од 22-рото коло во Премиер лигата кое ќе се игра на „Вембли“ е закажано за во недела, со почеток од 17:30 часот. Јунајтед по 21 натпревар, се наоѓа на шестото место на табелата со 38 бода, додека Тотенхем е трети и има 10 бода повеќе во однос на тимот од „Олд Трафорд“.