Голема трагедија се случи во Норвешка на подготовките на словенечката скијачка репрезентација, а животот го загуби 19-годишната Хана Мази Јамник.
Јамник која беше репрезентативка на Словенија во скијачко трчање била прегазена од камион во тунел, додека била на скии, соопштија дел медиумите во земјата, а веста за трагедијата ја потврдија и од Словенечкиот скијачки сојуз.
Веднаш била пренесена во болница со хеликоптер, но за жал спас немало за младата девојка на 19-годишна возраст која го загуби животот на страотен начин.
Објавено е дека е поведена истрага против возачот на камионот.