Дали навистина ова се случува? Брентфорд го растура Јунајтед со 4-0 (видео)

Брентфорд има фантастични 4-0 против Манчестер јунајтед благодарение на индиспонираните фудбалери на Ерик тен Хаг. Ѓаволите во мечот влегоа без тронка концентрација и со аматерски киксеви, им подарија четири погодоци на домаќините 35 минути игра.

Ударот од далечина на Дасилва личеше на тренинг топка за Де Хеа, но шпанскиот голман ја испушти и дозволи неговата мрежа да се затресе во 10-тата минута.

Она што требаше да биде почеток на акција, додавањето на Де Хеа до Мартинес не стигна на работ од шестнаесетникот, недоразбирањето го искористи Јенсен кој зголеми на 2-0 по 19 минути фудбал на Градскиот стадион во Лондон.

Во 30-тата минута Брентфорд стигна до високите 3-0 по лошо одбранетиот корнер на гостите, а Бен Ми најдобро се снајде бред противничкиот гол и со погоди со глава.

Контранападот во режија на Тони и Мбуено во 35-тата минута го потврди декласирањето на 20-кратниот англиски првак во првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести