Како победи Фиорентина? Со трагикомичен автогол на стандардниот киксер, по Интер сега настрада и Кремонезе (Видео)

Фиорентина го победи Кремонезе со голот што му е запишан на несреќниот Романец, Јонут Раду, кој брани за новиот прволигаш, како позајмен од Интер.

Раду направи невиден кикс во 95. минута, последна од судиското продолжение на мечот во Фиренца, кога по еден центаршут на домаќините ја фати топката на гол-линијата и потоа таа му падна од раце и влезе во мрежата за пораз од 3:2 на Кремонезе.

Автоголот на Раду можете да го погледнете ОВДЕ.

Романецот имаше невиден кикс и во ланското првенство кога доби ретка шанса да брани за Интер и му подари гол на Никола Сансоне за победа на Болоња од 2:1 во Милано, пораз што го чинеше Интер и титула во Италија.

Потоа беше на фин начин отстранет од клубот и испратен на позајмица во Кремона, кај новиот прволигаш Кремонезе, но пак направи невиден кикс денеска и го чинеше својот тим еден бод.

 

- Оглас -

Најнови вести