Шампионот Реал Мадрид вчера се измачи за трите бода на гостувањето кај Алмерија во премиерното коло, но Кралевите со пресврт сепак тргнаа со победа во одбрана на титулата во Ла Лига.
Пресвртот од 2-1 го најави Лукас Васкес по еден час игра, а не поминаа ни 15 минути од израмнувачкиот гол, кога Давид Алаба влезе во игра и максимално ја искористи џокер-картата. Австриецот истрча на теренот во 74-тата минута при опасниот прекин за Реал, ја презеде одговорноста незагреан да шутира и изведе вистинска мајсторија со која погоди за конечни 2-1.
Алаба така стана играч кој го постигнал најбрзиот гол како резерва од клупата за Реал Мадрид првпат од сезоната 2005/06 само за 28 секунди по неговото влегување во игра. Пред Алаба, само на двајца играчи на Кралевите им успеало како резерви директно да погодат од слободен удар, тоа се Гути во 2009 и Дани Себалјос во 2019 година.