Фенербахче вечерва гостува кај Касимпаша, а иако имаше најави дека во составот на Фенер за првпат ќе се најде и Езџан Алиоски, сепак македонскиот лев бек уште не е целосно физички подготвен, па го нема ниту на клупата за резерви.
Алиоски пред две недели потпиша за истанбулскиот гигант, но уште нема ниту еден настап. Некои фанови веќе почнаа да критикуваат по социјалните мрежи.
„Додека новите играчи на нашите противници се симнуваат од авион и речиси директно одат на натпревар, даваат гол и асистираат на дебито, нашите засилувања не ни играат додека не поминат 4-5 недели. На пример Алиоски“, вели еден фан на Фенер.