Леброн и Лејкерс се договорија на нова, двегодишна соработка

Леброн Џејмс и Лос Анџелес лејкерс се договорија да ја обноват соработката на уште две години, за што популарниот Крал ќе добие загарантирани 97 милиони долари. Овој договор го направи Џејмс најплатен кошаркар во историјата на НБА-лигата, со вкупна загарантирана заработка од повеќе од половина милијарда долари низ кариерата.

Еден од најдоминатните кошаркари на денешницата кон крајот на годинава ќе наполни 38 години, но тоа не го спречува да игра на највисоко ниво. Желба му е да освои барем уште еден прстен, односно да додаде петта титула, а по неа ќе атакува во неговата 20-та сезона како дел од најквалитетната кошаркарска лига.

Инаку, Џејмс во новата сезона ќе атакува да испише нови страници во НБА-историјата. Имено, Леброн ќе треба да одржува просек од 16,2 поени за да стане најдобар стрелец на сите времиња и да го тргне легендарниот Карим Абдул-Џабар од врвот на листата поентери. Легендата на Милвоки и Лејкерс до 1989 година, до кога му траеше играчката кариера, застана на 38.387 поени, додека Леброн како втор најдобар поентер засега брои 37.062. Разликата е 1.325 поени.

- Оглас -

Најнови вести