Незапаметен дебакл од 89 поени разлика доживеаја македонските репрезентативки во кошарка на возраст до 16 години против Србија на Европското првенство Б дивизија што се игра во Подгорица.
Српските таленти сурово ја казнија немоќта на врсничките од Македонија и победија со 113:24 што е неверојатен резултат.
Нашите кадетки во три од четири четвртини постигнаа едноцифрен број на поени, во првата 8, потоа четири, само во третиот период имаа 10, а крајот беше катастрофален само со два поени во последните 10 минути.
Денеска од 18.45 часот ривал во А групата ќе ни биде селекцијата на Босна и Херцеговина, што е шанса барем малку да се покрие срамот и бродоломот против Србија и поразот од 89 поени разлика што тешко се заборава, на меч само со 24 постигнати поени.