Првото коло на петтата сезона на Спортска прогноза, која ја организираат Спорт Манија и Sport Life, носи неколку интересни мечеви кај кои прогнозерите се поделени во мислењата, а има и дуели во кои голем процент се на иста страна.
Новата сезона има многу новитети, а главна новина е што за 13 погодоци, подарокот веќе не е „ајфон“ како досега, туку најуспешниот ќе може да бира меѓу смарт телевизор самсунг 55” 4K, електричен тротинет Xiaomi и Икс бокс Series X.
Во фокусот на првото коло е пресметката на двата најтрофејни клуба во Англија, Манчестер јунајтед и Ливерпул. Иако во моментов по две кола, Јунајтед е последен на табелата, а Црвените се само 12-ти, ова е големо дерби.
Ливерпул е фаворит на играчите на Спортска прогноза. Од тие што досега се изјасниле, дури 71 отсто типуваат двојка, за победа на Ливерпул.
Најголем фаворит е Вест хем, кој го пречекува Брајтон, а 87,6 проценти од прогнозерите типувале победа на Чеканите. Над 80 отсто се и за Атлетико Мадрид против опасниот Вилјареал, кој исто така добро ја отвори сезонава во Ла Лига, а добро му оди и во Европа.
За 12-ка, се добива ваучер од 1.000, а за 11 погодоци ваучер од 500 денари. Во трката за Генерален пласман се сметаат и резервните парови. Играта е бесплатна, само со еден услов, да имате СЛ картичка од Sport Life.