Наполи нема намера да продава играчи, мали се шансите Елмас да заврши во Евертон

Наполи кога веќе има состав кој може да се бори за титула во Италија, не сака да продава важни играчи откако почна сезоната, па затоа и како мали се оценуваат шансите за трансфери во Премиер лигата на Ирвинг Лозано и Елиф Елмас.

До Лозано стигнала понуда од Манчестер јунајтед, за Елмас се интересира Евертон, но понудите биле до нивните менаџери, а не до клубот Наполи.

Според добро упатени извори, во моментов Наполи нема шанса да продаде некој свој играч, но тоа може да се случи откако ќе купат нов голман (најверојатно Кејлор Навас).

- Оглас -

Најнови вести

×