Машката кошаркарска репрезентација на Македонија до 16 години, несреќно ја загуби средбата против Летонија со 83:77 по едно продолжение, па сега наместо битка за деветтото место на кадетското ЕП, нашите кошаркари ќе треба да ги одмерат силите со поразениот од дуелот Црна Гора – Полска за 11-тото место.
Избраниците на Апостолоски-Лечиќ останаа на две победи, откако завчера беа подобри од Данска во битката за опстанок во А дивизијата, а го забележаа вкупно четвриот пораз на шампионатот на кој сме домаќини.
Против Летонците се водеше тесна битка во текот на целиот натпревар, па иако на пет минути до крајот Македонија имаше +9 поени водство, противниците притиснаа за драматичен финиш во кој преку слободни фрлања израмнија на 65:65, за дополнителниот период да го добијат со 18-12.
Величковски со 25 поени и 8 скокабеше најдобар од редовите на нашата селекција, Луканоски како втор двоцифрен играч заврши со 15 поени и 7 скока. Во летонскиот состав со 18 поени се истакна Петерсонс, Килупс застана на 16 поени.