Во бразилскиот фудбал има од се по нешто, темпераментната и најтрофејна фудбалска нација на светот полека се подготвува за Мундијалот во Катар, но секогаш има да понуди нешто ново, макар и комично.
Вистинска комедија беше однесувањето на еден од медицинските техничари на второлигашот Наутико на мечот што утрово го играа против Вила Нова и го загубија со 1:2.
Гостите победија со голот на Рафаел Динато во 91. минута, а потоа лежеа на терен и „крадеа“ време и го нервираа бесниот носач на медицинските помагал, односно популарниот стречер.
Реакциите му се легендарни, а на крај и побегна во налет на нервоза.
https://twitter.com/0_Candango/status/1560815935124127744?s=20&t=0LuxcZh5LmTRp4B14shSow