Вардар повторно е во голема криза, играчите штрајкуваат за неисплатени плати што е само еден од многуте вакви циклуси во богатата историја на македонскиот гигант, кој денеска барем според најавите ќе биде дочекан со сите почести во Чегране, каде ќе му гостува на Арсими.
Домаќините за првпат играат меч од Втората лига и за нив тоа е фудбалски празник, кој како што велат ќе им го украси гостувањето на најтрофејниот клуб во Македонија.
„Очекуваме полн стадион, одличен меч и голем респект за Вардар, кој е најтрофеен клуб кај нас, но на терен ќе нема попуст и сакаме да ги освоиме бодовите. Ги замолуваме навивачите да бидат коректни и да го бодрат Арсими во историски меч и да ги респектираат гостите“, стои во најавата на ФК Арсими.
Се очекува спектакл на самиот старт на сезоната во единствената Втора лига, која ќе почне денеска со задоцнување од една седмица.
ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО – ДЕНЕСКА ОД 17 ЧАСОТ
АРСИМИ – ВАРДАР
КОЖУВ –ПЕЛИСТЕР
ОХРИД – ТЕТЕКС
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – БЕЛАСИЦА
КАРАОРМАН – ВОСКА
ПЕХЧЕВО – ГОСТИВАР
САСА -БЕСА
ВО СРЕДА: БОРЕЦ – СЛОГА ВИНИЦА