Вардар со минимална победа ја отвори сезоната во ВМФЛ

Втората македонска фудбалска лига стартуваше со минимален триумф на Вардар со 1-0 на гостувањето кај Арсими во премиерното коло. Црвено-црните на Грнчаров со погодокот на крилото Дарио Десниќ во 51-та минута ги освоија трите бода, со кои се отпочнува посакуваниот камбек во фудбалската елита во Македонија.

Во меѓувреме, гостински победи остварија и Гостивар со 3-2 кај Локомотив Скопје, Пелистер со 4-2 славеше кај Кожув, Беса со 2-1 беше подобра од Каменица Саса, Воска спорт со рутински 2-0 го надигра Караорман. Охрид со конечните 2-1 го совлада Тетекс, а Детонит Плачковица е само вториот тим што забележа домашна победа со сигурни 2-0 над Беласица.

- Оглас -

Најнови вести