Трите денешни натпревари од Првата македонска фудбалска лига, имаат привлечни квоти во Sport Life.
За дуелот на Академија Пандев и Шкендија, кецот носи квота 2.45, а двојка за победа на тетовци е 2.55. За Шкендија ова е четврти меч за десет дена, а еден од нивните главни напаѓачи Дориев, до пред две сезони играше за струмичкиот прволигаш, па ова му е враќање дома и играње против своите.
Пандевци го загубија првиот домашен меч сезонава, додека за Шкендија ова е прво гостување. Академија Пандев победуваше на претходните два домашни мечеви против Шкендија.
Струга е фаворит против Работнички, а квотата за победа на домашните е 1.55. Во првите две кола Струга победуваше без примен гол, а Работнички губеше убедливо без да даде гол.
Во Кавадарци, Тиквеш ја пречекува Брегалница. Штипјани имаат по една победа и пораз, а кавадарчани одиграа еден меч и го добија.