Раат тикет – Без мака до експрес добивка, ги погоди двајцата велемајстори што дадоа голови за помалку од една минута (Фото)

Два одлично одиграни тикети има во Sport Life, и тоа на стрелци на голови на фудбалските натпревари, а едниот од нив е погоден експресно и за уплата од 1.050 денари, донесе добивка од 4.410 денари во бруто-износ.

На тикетот е типувано дека Килијан Мбапе ќе биде стрелец на гол за Пари Сен Жермен против Лил на гостински терен, а и дека тоа за Барселона ќе го стори Роберт Левандовски против Реал Сосиедад исто така на гостински терен.

Во Лил се играше вчера, од 20.45 часот, и Мбапе го постигна најбрзиот гол во францускиот фудбал од сезоната 2006/07 откако се мери статистички времето на натпреварите во Лига 1.

И Левандовски не дозволи да мине ниту една минута, па и тој се запиша во листата на стрелци во Сан Себастијан во 45-тата секунда од мечот.

Дека одлично го познава фудбалот, овој обложувач покажа со уште еден тикет со пет стрелци на голови, а сите дадоа голови во првото полувреме на вчерашните натпревари.

На Мбапе и Левандовски, ги приклучил и Нејмар, Меси и Осимен и сите без мака погодија за ПСЖ, Барселона и Наполи во првите 45 минути против Лил, Реал Сосиедад и Монца.

Уплатата на тикетот е 120 денари, а добивката е 4.763 денари во бруто-износ.

 

- Оглас -

Најнови вести