Џејмс го начека судијата Атвел во ќорсокак и намерно го удри без да биде казнет (Видео)

Рис Џејмс и неговите соиграчи од Челзи беа слаби на мечот со Лидс и загубија со 3:0, а репрезентативецот на Англија кога веќе не можеше да ги сопре играчите на ривалот, удри по судијата Стјуарт Атвел со смешен потег.

Џејмс го забележа арбитарот како се движи наназад и нема преглед, па намерно му застана и на груб начин со бодичек го сопре.

Атвел се зачуди што му се случи, но од зад грб не виде дека Џејмс намерно му го попречи патот и не го казни со картон.

Целата ситуација беше смешна, а Џејмс одглуми дека и тој е зачуден од судирот со Атвел и дека до него дојде ненамерно.

Reece James vs referee from soccer

 

- Оглас -

Најнови вести