Протестите пред „Олд Трафорд“ траат веќе неколку часа, каде што навивачите на Манчестер јунајтед бојкотираат против управата на клубот, односно сопствениците Глејзер.
Иако мирно и распеано беше одреден период, работите се влошија како што наближува терминот на одигрување на големото дерби против Ливерпул. Имено, кон автобус кој превезувал мали деца до стадионот, навивачите фрлаа со лименки и шишиња извикувајќи „убијци“. Автобусот е обележан „ВИП“, па мислејќи дека во него има оперативци на клубот, гневните фанови го изразија својот револт на недоличен начин.
Децата се преплашени, реагираа од компанијата за превоз барајќи полицијата да реагира и да воспостави контрола врз толпата.
Many thanks you idiots, we were bringing a group of kids to the game (Manchester United Fans) all we’re frightened to death) where we’re the @gmpolice when we needed you to keep the coach and kids safe ??? @mufcMPB @dansheldonsport @MENnewsdesk https://t.co/93ayHxcQ0o
— Beeline VIP Coaches (@BeelineVIPcoach) August 22, 2022